За нас

 
 

Зоолошката градина во Битола има значајно место во сферата на општественото живеење, посебно во делот на едукација на населението и заштита на одредени животински видови.

Зоолошката градина Битола основана е на 1-ви Мај 1950 година со помош на зоолошките градини од Скопје, Загреб, Белград и Суботица.

Во временскиот период, во кој постои Зоолошка градина Битола, стандардите кои се бараат да ги исполнува една модерна зоолошка градина во светот во однос на условите за чување на животните, нивната исхрана и нега, сигурноста на посетителите и др.се подигнати на највисоко ниво.

За  да го подобриме животниот стандард на овие животни и за да им создадеме услови за живот кои ќе бидат барем слични на оние кои владеат во  нивните природни живеалишта мораме сите да го дадеме својот придонес. Во текот на 2004 година, вработените во Зоолошката градина во Битола започнаа низa активности  насочени кон подобрување на условите за живот на животните и реализација на едукативниот карактер на градината. Би биле многу благодарни ако и Вие не поддржите во нашите намери и ни помогне во реализацијата на планираните активности.